KSZD

КСЗД ОСТРО СЕ СПРОТИВСТАВУВА НА МАНИПУЛАТИВНИОТ НАПИС ВО БУГАРСКИОТ ПОРТАЛ „ТРУД.БГ“ ПОД НАСЛОВ „ЛОКАЛНАТА КОМИСИЈА ЗА ЗАШТИТА ОД ДИСКРИМИНАЦИЈА СО НЕПОСТОЕЧКА Е-ПОШТА И ТЕЛЕФОН“ ОБЈАВЕН НА 8 ОКТОМВРИ 2021 И ОДБИВА ДА БИДЕ ВОВЛЕЧЕНА ВО ПОЛИТИЧКИ МОТИВИРАНИ ПРЕСМЕТКИ

Комисијата за спречување и заштита од дискриминација најостро се спротивставува на написите во бугарскиот медиум, каде што со невистини и манипулации се напаѓа оваа институција.


Во објавениот текст, „Труд.бг“ се повикува на поранешната Комисија за заштита од дискриминација, институција која е укината со носењето на новиот Закон за спречување и заштита од дискриминација. Овој текст кој не потпишан од страна на авторот, тврди дека испратиле човек на адреса „Бул. Гоце Делчев“ бр 18, во зградата на МРТ и таму не ја нашле Комисијата за заштита од дискриминација. Направиле обид да исконтактираат на електронската адреса contact@kzd.mk и констатирале дека истата е вон функција, исто како и веб-страницата KZD.MK. Веднаш донеле „заклучок“ дека Комисијата работи со непостоечка е-пошта и телефон.


Очигледно, авторот на текстот чукнал на погрешно место. Адресата на Комисијата за заштита од дискриминација, телефонските броеви, веб страницата и маил адресата кои овој медиум ги објавува веќе подолго време се непостоечки.


Комисија за спречување и заштита од дискриминација е ново тело и не е правен наследник на претходната Комисија за заштита од дискриминација. Ова тело е професионално тело за спречување и заштита од дискриминација, формирано согласно Законот за спречување и заштита од дискриминација донесен во октомври 2020 година, а избрано од страна на Собранието на 25 јануари 2021 година.


Седиштето на Комисијата се наоѓа на улица Даме Груев бр. 1 во Скопје, каде што граѓаните можат лично или по пошта да поднесуваат претставки. Официјалната маил адреса на Комисијата е contact@kszd.mk, додека веб страницата е во фаза на изработка во соработка со ОБСЕ и се очекува да биде готова овој месец.


Со објавувањето на веб-страницата ќе биде промовирана и можноста за онлајн поднесување на претставки од страна на граѓаните.


Во моментов, Комисијата функционира преку Фејсбук страницата https://www.facebook.com/kszd.mk, каде што се јасно наведени адресата, електронската пошта и контакт телефонските броеви.
Објавата на текстот во бугарскиот медиум претставува груб обид за вовлекување на КСЗД во политички мотивирани пресметки, а ние како независно тело задолжено за промоција на еднаквоста, превенција и заштита од дискриминација на сите лица, остро реагираме на овие дезинформации. Комисијата во своето кратко постоење, веќе работи на над 150 предмети за заштита од дискриминација, почитувајќи го принципот на интегритет и независност во извршувањето на своите законски надлежности.

Leave a Reply

Skip to content