KSZD

OFF ROAD CLUB PELISTER ЌЕ ОВОЗМОЖИ ПРИСТАП И ЧЛЕНСТВО НА СИТЕ ЛИЦА, БЕЗ РАЗЛИКА НА СЕКСУАЛНА ОРИЕНТАЦИЈА ИЛИ РОДОВ ИДЕНТИТЕТ

 
Од OFF ROAD CLUB PELISTER по донесената одлука на КСЗД за извршена директна дискриминација, одговорија дека клубот ќе постапи по препораката и дека ќе овозможи пристап за сите љубители на активностите на клубот, без разлика на нивната сексуална ориентација или родов идентитет.
 
Комисијата за спречување и заштита од дискриминација по претставка од Хелсиншкиот комитет за човекови права, утврди директна дискриминација во објавата дека во нивниот клуб не може да членуваат припадници на ЛГБТ заедницата изрече препорака. Комисијата издаде препорака да се отстрани дискриминаторската содржина и го задолжи клубот во иднина да дозволува еднаков пристап и членство на сите лица, без оглед на нивната сексуална ориентација или родов идентитет.

Leave a Reply

Skip to content