KSZD

ДИК ГО ОГРАНИЧИЛ ПРАВОТО НА ГЛАС И ДИРЕКТНО ДИСКРИМИНИРАЛЕ НАД 7000 ГРАЃАНИ ВО ВТОРИОТ КРУГ НА ПРЕТСЕДАТЕЛСКИТЕ ИЗБОРИ ВО 2019 ГОДИНА

Комисијата за спречување и заштита од дискриминација донесе мислење за сторена директна дискриминација на 7.000 граѓани врз основа на личен и општествен статус од страна на Државната изборна комисија (ДИК) помеѓу двата изборни круга за време на Претседателските избори во 2019 година.

ДИК го ограничил правото на глас на овие граѓани во вториот изборен круг поради истечени лични карти, иако истите поради нивната важечки лични карти се квалификувале да влезат во избирачкиот список и да гласаат во првиот изборен круг.

Со тоа ДИК го нарушил принципот на еднаков третман при остварување на избирачкото право кое е загарантирано со Устав и Изборен законик.

Му се препорачува на ДИК како единствен надлежен орган за водење, ажурирање и промена на податоците од избирачкиот список, да превенира секаков можен нееднаков третман и дискриминација на граѓаните кои се квалификувале да бидат на избирачкиот список.

Leave a Reply

Skip to content