KSZD

КСЗД и МЦМС потпишаа Меморандум за соработка кој ќе придонесе за јакнење на улогата на Комисијата во заштитата на правата на граѓаните

Комисијата за спречување и заштита од дискриминација и Македонскиот центар за меѓународна соработка потпишаа Меморандум за соработка кој декларира интерес на двете страни да обезбедат заеднички придонес кон зајакнување на улогата на КСЗД во почитувањето на правата на граѓаните кои се третирани нееднакво. 

Соработката меѓу КСЗД и МЦМС вклучува размена на податоци, учество на состаноци, работилници, обуки, студиски посети, тркалезни маси, конференции, подготовка на извештаи и други форми на соработка кои ќе бидат договорени меѓу страните, а ќе произлезат од актуелните проектни потреби. 

Во рамките на проектот „Комисијата за антидискриминација ја извршува својата превентивна и заштитна улога“, финансиран од Европската Унија ќе се подготвува и Барометар за човекови права и антидискриминација. 

Со потпишувањето на овој Меморандум за соработка, Комисијата за спречување и заштита од дискриминација ја продолжува соработката со граѓанските организации во земјава, откако претходно меморандуми за соработка беа потпишани и со ФФМ, Полио Плус, Македонското здружение на млади правници и Институтот за човекови права. КСЗД преку меморандуми за соработка ја официјализираше и соработката со Британската амбасада, ОБСЕ, како и Агенцијата за заштита на лични податоци. 

Leave a Reply

Skip to content