KSZD

КСЗД ПОТПИША МЕМОРАНДУМ ЗА СОРАБОТКА СО ПОЛИО ПЛУС – ДВИЖЕЊЕ ПРОТИВ ХЕНДИКЕП

Со цел ефикасно спроведување на Законот за спречување и заштита од дискриминација, како и Конвенцијата за правата на лицата со хендикеп, чија цел е промоција, заштита и обезбедување на целосно и еднакво уживање на сите човекови права и основни слободи за сите граѓани со оневозможеност и промоција на почитување на нивното вродено достоинство, Комисијата за спречување и заштита од дискриминација потпиша Меморандум за соработка со Полио Плус – движење против хендикеп.


Меморандумот за соработка беше потпишан на 25 септември во рамките на „Денот на граѓанските организации“. Претседателката на КСЗД, Весна Бендевска по потпишувањето на Меморандумот кажа дека целта на оваа соработка е поттикнување на граѓаните да пријавуваат случаи на дискриминација.


„Колку сме погласни сите, толку појасно јавноста ќе биде информирана за нашите реални проблеми“ кажа Бендевска.


Комисијата од нејзиното формирање остварува успешна соработка со повеќе организации и институции, а покрај Меморандумот за соработка со Полио Плус има потпишано меморандуми и со ОБСЕ, Британската амбасада во Скопје, Мрежата за заштита од дискриминацијата, Македонското здружение на млади правници и ФФМ.

Leave a Reply

Skip to content