KSZD

КСЗД потпиша Меморандум за соработка со Субверзивен фронт и ИДУЕП

Комисијата за спречување и заштита од дискриминацаија потпиша Меморандуми за соработка со Субверзивен фронт и Институтот за добро управување и евроатлантски перспективи – ИДУЕП, со цел остварување на зедничките заложби за зајакнување на меѓусебната соработка и поддршка во напорите за справување со дискриминирачкиот говор и другите негативни појави во интернет просторот.

Со овие Меморандуми, се поставува рамка за меѓусебна соработка за преземање заеднички координирани активности за промоција на заштитата и обезбедувањето на целосно и еднакво уживање на сите човекови права и слободи на сите граѓани на РС Македонија, заедничко застапување во јавноста на темата поврзана со борбата против дискриминирачкиот говор и спроведување на заеднички медиумски активности, кампањи и слично.

Leave a Reply

Skip to content