KSZD

Соработка со интернационални организации

Потпишани меморандуми

Активности

С.Македонија, Ц.Гора и Албанија заеднички против говорот на омраза

Борбата против говорот на омраза беше тема на дводневниот експертски состанок на телата за еднаквост на Албанија, Црна Гора и Северна Македонија, кој се одржа на 4 и 5 април 2022 г. во Скопје. На средбата, на која претставници од РС Македонија беа членовите на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација, беа дискутирани предизвиците со кои се соочуваат земјите од Западен Балкан во борбата со говорот на омраза. Низ размена на позитивни практики од сопствените земји со имплементирање на Европските стандарди, експертските тела ги разгледаа идните проекти за градење капацитети преку меѓусебна соработка, утврдувајќи ја нужноста за примена на

Прочитајте повеќе »

КСЗД со придонес во консултациите на Европската комисија за стандардите за телата за еднаквост

Koмисијата за спречување и заштита од дискриминација испрати свој придонес кон консултациите на Европската комисија за изготвување на стандарди за телата за еднаквост.   Во документот КСЗД пишуваше за важноста за имање силни и ефикасни тела за еднаквост во борбата против дискриминацијата и промоција на принципот на еднаквост, гарантирање на независноста на телата за еднаквост, пристапност на услугите на телата за еднаквост за сите граѓани и влијанието на обврзувачките минимални стандарди за зајакнување на телата за еднаквост и обезбедување на нивна независност и ефикасност. Целосниот документ можете да го најдете на линкот подолу. Придонесот беше изготвен со поддршка на Компонента 4

Прочитајте повеќе »

КСЗД и УНХЦР го зајакнуваат стратешкото партнерство со Меморандум за соработка

Комисијата за спречување и заштита од дискриминација и Канцеларијата на Високиот комесар за бегалци при ООН (УНХЦР) потпишаа Меморандум за соработка со кој ќе го зајакнуваат нивното стратешко партнерство. Двете организации ќе продолжат да ги поддржуваат правата на лицата под мандат на УНХЦР во земјата, преку партнерство во заштитата, комуникацијата, доближувањето до заедницата, како и во трансформирањето на наративот за барателите на азил, бегалците, лицата под супсидијарна заштита и лицата под ризик од бездржавјанство. КСЗД се обврзува да реагира во случаи на дискриминација извршена врз овие лица и ќе се фокусира на унапредување на еднаквиот третман на сите поединци. КСЗД

Прочитајте повеќе »
Skip to content