На барање на политичката партија Левица, Комисијата за спречување и заштита од дискриминација, согласно чл. 21 од Законот за спречување и заштита од дискриминација изработи стручно мислење по предлогот за воведување на категоријата етничка припадност во личните карти, содржан во предлог законот за измени и дополнувања на Законот за лични карти. Клучните поенти од стручното мислење на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација по ова прашање се дека:
▶️ Меѓународната пракса покажува дека ваквите политики водат кон додатна изолација, сегрегација и дискриминација на најзагрозените групи.
▶️ Со воведување на етничката припадност во личните карти потенцијално може да зголеми дискриминацијата по основ на етничка припадност.
▶️Дискриминацијата најмногу ќе се зголеми врз лицата или групите каде етничката припадност е истовремено и неразделно поврзана со некоја друга дискриминаторска основа.
▶️ Потенцијално ќе се овозможи практиката на расно и етничко профилирање.