KSZD

Претседателот Пендаровски со поддршка за КСЗД и ИДУЕП во борбата против дискриминирачкиот говор

Претседателот Стево Пендаровски со позитивен одговор на барањето на Институтот за добро управување и евроатлантски перспективи (ИДУЕП) за поддршка во форма на покровителство за справување со дискриминирачкиот говор и другите негативни појави на интернет.

„Би сакал најпрво да Ви честитам на досегашните активности поврзани со подигање на свеста за дискриминирачкиот говор,  кој за жал е особено присутен на социјалните медиуми и дигиталните платформи. Несомнено со потпишаниот Меморандум за соработка со Комисијата за спречување и заштита од дискриминација (КСЗД) отворате пат за заедничко дејствување и споделување на знаења и ресурси.  Секако тоа е чекор поблиску до креирањето на поширока платформа на организации и други општествени чинители кои ќе работат на изнаоѓање на автентичен национален модел за ефикасно справување со дискриминирачкиот говор и другите негативни појави на интернет“, стои во дописот кој претседателот Пендаровски го испрати до ИДУЕП.

Повеќе на следниот линк…

Претседателот Пендаровски со поддршка за КСЗД и ИДУЕП во борбата против дискриминирачкиот говор – IDUEP – Institute for good governance and euro-atlantic perspectives

Leave a Reply

Skip to content