Комисијата за спречување и заштита од дискриминација и Кабинетот на претседателот на Република Северна Македонија, денеска потпишаа Меморандум за соработка со цел, преземање координирани активности во насока на промоција на заштитата од дискриминација и обезбедување на целосно и еднакво уживање на сите човекови права и основни слободи за сите граѓани на Република Северна Македонија.
![](https://kszd.mk/wp-content/uploads/2022/07/Memorandum-ok-Pendarovski1-1024x683.jpg)
Согласно Меморандумот, двете институции за согласуваат заеднички да соработуваат во однос на промотивни активности и кампањи за спречување и заштита од дискриминација, поддршка при организирање на меѓународни конференции и настани од полето на заштита од дисктиминација, соработка и учество во активности и обуки во организација на Претседателскиот центар за политичко образование, како и размена на стручни мислења во областа на предлозите и претставките поврзани со заштита од дискриминација.
Меморандумот беше потпишан од страна на претседателот на Комисијата, Кире Василев и генералниот секретар на Кабинетот на претседателот на РСМ, Миле Бошњаковски.
![](https://kszd.mk/wp-content/uploads/2022/07/Memorandum-ok-Pendarovski-2-1024x683.jpg)
Со овој Меморандум се потврдува интересот за јакнење на меѓусебната соработка во поддршка на активностите за спречување и заштита од дисриминација на граѓаните во РС Македонија.