KSZD

Мислење на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација по повод Предлог измените и дополнувања на Законот за основно образование, а во врска со спроведување на пресудата Елмазова и други против Северна Македонија

Комисијата, како дел од работната група за спроведување на пресудата, се залага за законски имени кои на ефикасен и ефективен начин ќе ја спречат сегрегацијата на Ромите во основните училишта, не само со измени на Законот за основно образование, туку и со донесување на подзаконски акти, измени на други закони, спроведување мерки за десегрегација и мерки на локално ниво за намалаување на стигмата и предрасудите засновани на раса и етничка припадност.

КСЗД во својата работа, активно се залага за вклучување на Ромите во општеството и ги застапува нивните права во борбата против дискриминацијата и говорот на омраза на сите нивоа. Во таа насока има донесено неколку мислења по претставки, но и 2 општи препораки и тоа:

– Општа препорака за отстранување на сегрегација во основното образование со особен фокус на ученици Роми.

– Општа препорака на локалната самоуправа да обезбеди еднаков пристап до вода до сите граѓани, со особен фокус на ромската етничка заедница и

Комисијата донесе Стратегија за превенција на структурната дискриминација и промоција на принципот на еднаквост, во која се дефинирани приоритетни области, цели и предлог-активности за периодот 2023-2026 година, со фокус на Ромите.

Мислењето на КСЗД по повод Предлог измените и дополнувања на Законот за основно образование можете да го погледнете на следниов линк:

https://kszd.mk/wp-content/uploads/2024/04/mislenje-KSZD-ZOO-Elmazova.pdf

Leave a Reply

Skip to content