KSZD

С.Македонија, Ц.Гора и Албанија заеднички против говорот на омраза

Борбата против говорот на омраза беше тема на дводневниот експертски состанок на телата за еднаквост на Албанија, Црна Гора и Северна Македонија, кој се одржа на 4 и 5 април 2022 г. во Скопје. На средбата, на која претставници од РС Македонија беа членовите на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација, беа дискутирани предизвиците со кои се соочуваат земјите од Западен Балкан во борбата со говорот на омраза. Низ размена на позитивни практики од сопствените земји со имплементирање на Европските стандарди, експертските тела ги разгледаа идните проекти за градење капацитети преку меѓусебна соработка, утврдувајќи ја нужноста за примена на Препораките бр. 2, 7 и 15 на ЕКРИ. Беше истакната важноста од  формирање широки сојузи во борбата против говорот на омраза и јакнење на свеста на популацијата на национално ниво, а особено беше потенцирана потребата од зајакнување на соработката со судовите на тема дискриминација со акцент на говорот на омраза како глобален проблем и закана за човековите права.

Состанокот се одржа како дел од проектот „Промоција на различноста и еднаквоста“, во рамки на зедничката програма на ЕУ/Совет на Европа „Хоризонтален инструмент за Западен Балкан и Турција “.

Leave a Reply

Skip to content