Skip to content
Приспособете ги поставките за согласност

Ние користиме колачиња за да ви помогнеме ефикасно да се движите и да извршувате одредени функции. Подолу ќе најдете детални информации за сите колачиња во секоја категорија на согласност.

Колачињата кои се категоризирани како „Неопходни“ се зачувани на вашиот прелистувач бидејќи се неопходни за овозможување на основните функционалности на страницата.... 

Always Active

Задолжителни (неопходни) колачиња во кои се вклучени: 
- Основни колачиња (сесиски колачиња) 
Сесиските колачиња се привремени колачиња, кои се зачувуваат во датотеката на колачето на Вашиот интернет пребарувач додека не ја завршите сесијата на него. Овие колачиња се задолжителни за одредени апликации или функционалности на нашата веб-страница за нејзина правилна работа.Сесиските колачиња се користат со цел да Ви овозможиме да ги добиете услугите кои сте ги побарале преку нашата веб страница. Без овие колачиња, услугите кои сте ги побарале нема да може да Ви бидат испорачани. Овие колачиња автоматски ќе бидат избришани од Вашиот уред со прекинување на тековната сесија или затворање на прелистувачот. Овие колачиња може да се користат за запомнување на Вашите претходни активности како што е на пример пополнување на апликација за вработување („Apply for this job“), при враќање на претходната страница за време на истата сесија (користење на „go back“ опција).

Функционални (постојани) колачиња 
Ние користиме постојани колачиња за подобра услуга на нашите корисници (на пример, обезбедување оптимизирана навигација). Овие колачиња остануваат во датотеката на колачето на Вашиот пребарувач подолг временски период. Временскиот период зависи од изборот што ќе го направите во поставките на Вашиот интернет-пребарувач. Постојаните колачиња овозможуваат информациите да се пренесат на веб-серверот секој пат кога некој ќе ја посети веб-страницата. Тие можат да ги запомнат деталите за најавување кои го паметат пребарувањето/сесијата кога корисникот ќе го исклучи пребарувачот, со цел да се задржи состојбата на корисникот. Овие колачиња се зачувани на Вашиот компјутер или мобилен уред и не се бришат автоматски кога ќе го затворите прелистувачот, за разлика од колачето за сесија, кое се брише кога ќе го затворите прелистувачот. Постојаните колачиња се користат само за повторно да Ве идентификуваат при Вашата следна посета. 
Овие колачиња ни овозможуваат да се запомнат претпочитаните опции кои сте ги избрале при претходната посета на нашата веб страница, како што се приказот на веб страницата.

Аналитички/Колачиња за перформанси во кои се вклучени: 
Колачиња од трети страни „Third Party Cookies“ 
Овие колачиња собираат информации за тоа како ја користите веб страницата, на пример страници на кои одите и какви било пораки за грешка што Ви се случуваат. Овие колачиња не собираат информации што Ве идентификуваат, тие се анонимни и помагаат да се подобри функционирањето на веб страницата.
Колачињата можат да се користат во следниве категории: Google Analytics, Google Ads.

Колачињата за перформанси се користат за да се разберат и анализираат клучните индекси за перформанси на веб-локацијата, што помага во обезбедувањето подобро корисничко искуство за посетителите.

Колачињата за рекламирање се користат за да им се обезбедат на посетителите приспособени реклами врз основа на страниците што сте ги посетиле претходно и да се анализира ефективноста на рекламните кампањи.

KSZD

УТВРДЕНА ДИРЕКТНА ПРОДОЛЖЕНА ДИСКРИМИНАЦИЈА ОД СТРАНА НА СУГС ГИМНАЗИЈА „ЈОСИП БРОЗ ТИТО“

Комисијата за спречување и заштита од дискриминација утврди директна продолжена дискриминација по основ на образование, политичко уверување и повреда на правото на еднаквост во областа на работните односи од страна на СУГС гимназија „Јосип Броз Тито“ Скопје.
 
Подносителот на претставката Ц.Н. по исполнување на сите услови за трансформирање на работниот однос од определено на неопределено време, поднел барање за трансформација, но директорката му дала Решение за престанок на работен однос. Во меѓувреме, училиштето започнало постапка за трансформација на работен однос на друго лице за истата позиција. Со ваквото однесување се фаворизира одреден кандидат и на Ц.Н. му се повредува правото на еднаков пристап до работно место.
 
После тоа училиштето распишува јавен оглас за избор на наставник, каде што аплицирале веќе невработениот Ц.Н. и уште една кандидатка. На позицијата е избрана другата кандидатка, иако Ц.Н. имал повисок степен на образование и повисок просек на завршените студии, со што Ц.Н. бил двократно дискриминиран.
 
КСЗД ги задолжува СУГС гимназија „Јосип Броз Тито“ и директорката да склучат договор за вработување на неопределено време со подносителот на претставката во рок од 30 дена и за тоа да ја известат Комисијата. Доколку училиштето и директорката не постапат согласно оваа препорака, Комисијата ќе поднесе барање за покренување на прекршочна постапка пред надлежниот суд за прекршоци.

Leave a Reply