KSZD

УТВРДЕНА ДИРЕКТНА ПРОДОЛЖЕНА ДИСКРИМИНАЦИЈА ОД СТРАНА НА СУГС ГИМНАЗИЈА „ЈОСИП БРОЗ ТИТО“

Комисијата за спречување и заштита од дискриминација утврди директна продолжена дискриминација по основ на образование, политичко уверување и повреда на правото на еднаквост во областа на работните односи од страна на СУГС гимназија „Јосип Броз Тито“ Скопје.
 
Подносителот на претставката Ц.Н. по исполнување на сите услови за трансформирање на работниот однос од определено на неопределено време, поднел барање за трансформација, но директорката му дала Решение за престанок на работен однос. Во меѓувреме, училиштето започнало постапка за трансформација на работен однос на друго лице за истата позиција. Со ваквото однесување се фаворизира одреден кандидат и на Ц.Н. му се повредува правото на еднаков пристап до работно место.
 
После тоа училиштето распишува јавен оглас за избор на наставник, каде што аплицирале веќе невработениот Ц.Н. и уште една кандидатка. На позицијата е избрана другата кандидатка, иако Ц.Н. имал повисок степен на образование и повисок просек на завршените студии, со што Ц.Н. бил двократно дискриминиран.
 
КСЗД ги задолжува СУГС гимназија „Јосип Броз Тито“ и директорката да склучат договор за вработување на неопределено време со подносителот на претставката во рок од 30 дена и за тоа да ја известат Комисијата. Доколку училиштето и директорката не постапат согласно оваа препорака, Комисијата ќе поднесе барање за покренување на прекршочна постапка пред надлежниот суд за прекршоци.

Leave a Reply

Skip to content