KSZD

Јавен повик за граѓански организации за пријавување за обука за „Тестирање ситуација“, согласно Законот за спречување и заштита од дискриминација.

Комисијата за спречување и заштита од дискриминација објавува јавен повик насочен кон граѓанските организации за пријавување за обука за „Тестирање ситуација“.

Комисијата, во насока на своите стратешки цели, ќе спроведе обука за граѓански организации која ќе има за цел да го прошири и  зајакне теоретското и практичното знаење во однос на „Тестирање ситуација“ како метод за докажување дискриминација, преку вклучување на организирани тестери кои делуваат во споредбена ситуација за да ја истражат појавата на дискриминација во различни предмети, процеси и области врз која било дискриминаторска основа.

Согласно методологијата, обуката опфаќа теоретски сесии за концептот на тестирање на ситуацијата и презентација на случаи на дискриминација врз основа на тестирање на ситуацијата. Дополнително, Комисијата заедно со учесниците ќе мапираат потенцијални случаи за тестирање на случаи со потенцијална директна и индиректна дискриминација, со фокус на практично развивање на методологија за секој случај поединечно.

Обуката ќе се одржи во периодот од 5ти до 7ми јуни 2023 година, во Велес. Мисијата на ОБСЕ во Скопје ќе организира транспорт за оние учесници кои поаѓаат од Скопје, а на оние кои поаѓаат од другите градови ќе им ги покрие патните трошоци.

Следејќи ги критериумите, КСЗД ќе ги мапира најрелевантните граѓански организации кои работат на ромски прашања, особено на стратешки судски спорови и креирање политики. Легитимната цел е да им се обезбедат алатки и знаење за справување со дискриминацијата со користење на тестирање на ситуацијата. Поголемиот број на граѓански организации со стекнат капацитет да спроведуваат тестирање на ситуацијата ќе резултира со поголем број стратешки претставки за заштита од дискриминација врз основа на етничка припадност кон Ромите.

Се повикуваат граѓанските организации да номинираат две лица кои ќе учествуваат на обуката. Потребни документи за пријавување:

  • Да се достават релевантни информации за спроведување на проекти во областа на дискриминација во последните три години
  • Граѓанската организација мора да има вработено барем едно лице од ромска етничка припадност, или во последните три години да има имплементирано барем еден проект во кој како целна група е посочена ромската етничка заедница.
  • Граѓанската организација мора да има вработено барем четири лица. Во оваа насока, постои можност две граѓански организации кои се со помала човечка структура, заеднички да аплицираат со по еден номиниран учесник.
  • Да се достави тековна состојба на правното лице

Заинтересираните учесници може да ги достават своите апликации на е-маил адресата: contact@kszd.mk со назнака „Пријава за обука за тестирање ситуација“. Сите прашања во однос на апликацијата може да бидат доставени до истата е-маил адреса или на i.kamberi@kszd.mk

Комисијата ќе селектира вкупно 10 граѓански организации кои ќе номинираат по две лица за учество на обуките. Повикот за пријавување трае до 01.05.2023 година, селекцијата на кандидатите ќе се спроведе најдоцна до 15.05.2023 година.

Повикот можете да го најдете на следниот линк.

 

Leave a Reply

Skip to content