Последни новости

Реакција на КСЗД за говор на омраза кон ромската заедница
Комисијата за спречување и заштита од дискриминација најостро го осудува говорот на омраза кој во последно време се повеќе се користи преку социјалните мрежи. Последниот настан од 25 ноември 2025 година, каде одредено лице ја навредува и дискриминира целата ромска заедница во Република Северна Македонија, предизвика вознемирување и лавина на реакции од голем број на граѓани кои беа засегнати од понижувачката објава што беше споделувана на социјалните мрежи. Комисијата препорачува да не се искривуваат информациите поврзани со спроведувањето на Стратегијата за инклузија на Ромите и да се воздржат од навреди и говор на омраза кон било која етничка заедница или поединец. Воедно

Интерен оглас за унапредување на административни службеници
Комисијата за спречување и заштита од дискриминација објавува интерен оглас за унапредување на два административни службеници.

25 ноември – Меѓународен ден за елиминација на насилството врз жените
Денес започнуваат глобалните 16 дена активизам против родово базираното насилство, кои завршуваат на 10 декември – Меѓународниот ден на човековите права. Годинава, светската тема за одбележување на Меѓународниот ден за елиминација на насилството врз женитее гласи: „ОБЕДИНЕТЕ за да ставиме крај на дигиталното насилство врз сите жени и девојчиња“. Фокусот е насочен кон онлајн просторот – место каде што жените, особено активистките, новинарките, жените во политика и бранителките на човекови права, сè почесто се мета на сериозни и заканувачки форми на дигитално насилство. Кампањата повикува на заедничка акција: владите ширум светот да обезбедат строги закони и да ја прекинат неказнивоста,

„Има место за сите во нашиот тим “ – нова кампања против дискриминација во фyдбалот
Скопје, 20 ноември 2025 – Денес, на Светскиот ден на детето, Комисијата за спречување и заштита од дискриминација, Министерството за образование и наука, Министерството за спорт Фудбалската федерација на Македонија и УНИЦЕФ ја започнаа кампањата „Еден тим за секое дете – нулта дискриминација“. Иницијативата има за цел промоција на фер-плеј, инклузија и почитување на секое дете – со особен фокус на девојчињата, децата Роми и децата со попреченост. „Комисијата за спречување и заштита од дискриминација со големо задоволство се приклучува на оваа заедничка иницијатива и им се заблагодаруваме на партнерите од ФФМ, Министерството за спорт и МОН за нивната подготвеност

„Пет години превенција и заштита од дискриминација: постигнувања и идни насоки“
Комисијата за спречување и заштита од дискриминација (КСЗД), во соработка со проектот „Поддршка на ЕУ за владеење на правото“, на 20 ноември 2025 година, ја организираше конференцијата „Пет години превенција и заштита од дискриминација: постигнувања и идни насоки“. Конференцијата обедини домашни и меѓународни експерти, претставници на институциите, телата за еднаквост од регионот, академската заедница и граѓанскиот сектор. Целта беше да се направи пресек на постигнувањата во последните пет години и да се идентификуваат клучните предизвици и идните насоки за унапредување на системот за заштита од дискриминација. Дополнително, беа отворени и стратешки прашања поврзани со следните чекори, институционалните предизвици и усогласувањето

„1 од 5 – Стоп за сексуалното насилство врз деца“
Претседателот на КСЗД, Душан Томшиќ, се обрати на отворањето на националната кампања „1 од 5 – Стоп за сексуалното насилство врз децата“, организирана по повод Светскиот ден за превенција од сексуална експлоатација, злоупотреба и насилство врз деца. „Статистиката што стои зад овој наслов е болна и тешка. Но таа не смее да остане само бројка. Зад секое едно од пет стои дете — дете со име, семејство, надежи и доверба во возрасните. Нашата должност како институции и како општество е да направиме сѐ за таа доверба никогаш да не биде повредена,“ истакна Томшиќ. Тој додаде дека сексуалното насилство врз деца


