Последни новости

Посета на турскиот амбасадор на КСЗД: Презентација на достигнувањата со фокус на турската заедница
На 4 март 2025 година, турскиот амбасадор во Р. Северна Македонија ја посети Комисијата за спречување и заштита од дискриминација, каде што беше извршена презентација на активностите и резултатите постигнати од страна на оваа институција во текот на изминатата година. Презентацијата се фокусираше на работата на КСЗД во однос на турската заедница во државата, што беше област на посебен интерес за амбасадорот. Амбасадорот ја пофали работата на КСЗД и изрази задоволство од напорите вложени во заштитата на правата на малцинствата, но ја истакна и потребата за поголема соработка со останатите институции во земјата. Тој нагласи дека КСЗД игра улога на

Средба со Меѓународната организација на трудот: Обезбедување еднаквост и заштита од дискриминација во работните односи
Во просториите на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација денес се одржа работна средба со претставникот на Меѓународната организација на трудот во Република Северна Македонија, г. Емил Крстановски. На средбата се разговараше за клучни прашања поврзани со синдикалното здружување, примената на Законот за работни односи, како и мислењата на судовите и праксата на Комисијата во оваа област. Посебен акцент беше ставен на обезбедувањето на еднаквост на ниво на работодавач, вклучително и превенцијата од дискриминација во работните односи и унапредување на фер и инклузивни работни средини. Дополнително, беше разгледан видот на претставките што се поднесуваат за заштита од дискриминација во работните односи,

1 март, Светски ден на нулта дискриминација
На 1 март, Светскиот ден за нулта дискриминација, потсетуваме дека секој човек има право на достоинство, почит и еднаквост, без разлика на неговите лични карактеристики. Дискриминацијата не е само индивидуален проблем – таа го засега целото општество, ја нарушува социјалната кохезија и го спречува напредокот. На овој ден, не зборуваме само за еднаквост – зборуваме и за одговорност. Секој од нас има моќ со своите зборови и постапки да придонесе кон општество засновано на разбирање, солидарност и почит. Начинот на кој комуницираме со другите ја обликува средината во која живееме. За говорот што вклучува дискриминација, предрасуди или поттикнување поделби нема

ОГЛАС ЗА ИЗБОР НА ЧЛЕН НА КОМИСИЈАТА ЗА СПРЕЧУВАЊЕ И ЗАШТИТА ОД ДИСКРИМИНАЦИЈА
Врз основа на членот 68 став 2 од Уставот на Република Северна Македонија и членовите 16, 17 и членот 18 ставови (1) и (2) од Законот за спречување и заштита од дискриминација, Собранието на Република Северна Македонија објавува јавен оглас за избор на еден член на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација со мандат од пет години. За член на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација може да биде избрано лице кое ги исполнува следниве услови: 1) да е државјанин на Република Северна Македонија; 2) да има стекнато 240 кредити според ЕКТС или VII/1 степен на образование и

Меморандум за соработка во чест на Месецот на ретките болести
Во рамките на Месецот на ретките болести, кој секоја година се одбележува во февруари, како најкраткиот месец во годината, со „редок“ број денови – 28 или 29 во престапна година, Комисијата за спречување и заштита од дискриминација (КСЗД) и Националната алијанса за ретки болести потпишаа Меморандум за соработка. Ова партнерство претставува значаен чекор во борбата за еднакви права, системски промени и поддршка за лицата со ретки болести и нивните семејства. Со овој меморандум се утврдуваат начините за заедничка координација и имплементација на активности за промоција, заштита и унапредување на правата на лицата со ретки болести и нивните семејства, борбата против

Средба на КСЗД со потпретседателот на Владата на РСМ Иван Стоилковиќ
Делегација од Комисијата за спречување и заштита од дискриминација (КСЗД), предводена од претседателот Лимко Бејзароски, оствари работна средба со потпретседателот на Владата на Република Северна Македонија и министер за односи меѓу заедниците, г. Иван Стоилковиќ. На средбата беа разменети мислења и ставови за прашања поврзани со унапредувањето на човековите права, промоцијата на еднаквоста и зголемувањето на довербата во институциите. Посебен акцент беше ставен на потребата од непристрасност во постапувањето, како и на важноста сите граѓани да имаат еднаков пристап до правдата, без оглед на нивната вера, националност или етничка припадност. Двете страни ја истакнаа потребата од континуирана соработка меѓу КСЗД