KSZD

Почетна

Последни новости

Новости

„Нашите права, нашата иднина, токму сега“ – 10 ти декември Меѓународен ден на човековите права

„Таму каде завршува асфалтот започнува ромското гето…“ По повод Меѓународниот ден на човековите права, Комисијата за спречување и заштита од дискриминација има за цел да го сврти вниманието на јавноста и одговорните институции кон состојбите во неформалните населби каде најчесто живеат Роми. Овој проблем претставува системска, расна и етничка дискриминација и е резултат на децениска негрижа за правата и потребите на најсиромашните граѓани кои живеат на маргините на нашето општество. Се почести се претставките до Комисијата од страна на ромската заедница и ромските граѓански организации за нееднаков пристап до добра и услуги по основ на етничка и расна припадност, кои

Прочитајте повеќе »
Новости

Реакција од Комисијата за спречување и заштита од дискриминација по измените и дополнувањата на Законот за основно образование

Комисијата за спречување и заштита од дискриминација го изразува своето незадоволство од Предлог-законот за измени и дополнување на Законот за основно образование. Првична цел за изменување на Законот беше, да се внесат одредби со кои ќе се оневозможи и превенира сегрегацијата на децата Роми во образованието, односно да се спроведе пресудата на Европскиот суд за човекови права „Елмазова и други против Република Северна Македонија“. Сегрегацијата на децата Роми во образованието е сериозен и комплексен проблем кој претставува форма на системска расна и етничка дискриминација и за негово решавање се потребни системски промени во законската рамка, политиките на национално и локално

Прочитајте повеќе »
Новости

„Засилување на лидерството на лицата со попреченост за инклузивна и одржлива иднина“-3 Декември – Светски ден на лицата со хендикеп

Светскиот ден на лицата со хендикеп, кој секоја година се одбележува на 3 декември, претставува можност да се истакне важноста на правата, достоинството и инклузијата на лицата со хендикеп во сите аспекти на општеството. Овој ден е посветен на зголемување на свеста за предизвиците со кои се соочуваат лицата со хендикеп и на поттикнување на конкретни активности за создавање поинклузивно и рамноправно општество. Лицата со хендикеп се соочуваат со бројни бариери – физички, социјални и економски. Превенцијата на дискриминација и унапредувањето на еднаквоста е обврска на секој од нас. Во согласност со принципите на Конвенцијата на Обединетите нации за правата

Прочитајте повеќе »
Новости

Посета на амбасада на Република Турција во РС Македонија

Претседателот на КСЗД, Лимко Бејзароски, заедно со претставници од Комисијата, одржаа средба со амбасадорот на Република Турција во РС Македонија, Н.Е. Фатих Улусој.  На средбата се дискутираше за прашања од надлежност на Комисијата и се разменија мислења за можности за унапредување на статусот на Турците во Македонија. Оваа средба претставува уште еден важен чекор во насока на промоција на еднаквоста и меѓусебната соработка.

Прочитајте повеќе »
Новости

Соопштение за јавноста – јавен превоз

Недостапноста на јавниот превоз дискриминира повеќе групи граѓани. Комисијата за спречување и заштита од дискриминација во изминатиот период добива претставки од различни групи граѓани кои се жалат на дискриминација поради недостапноста на јавниот превоз во Скопје. Многу групи граѓани зависат од јавниот превоз за да ги остварат своите основни човекови права како правото на образование, движење, здравје, работа, пристап до добра и услуги и други. Недостапноста на јавниот превоз непропорционално повеќе засега одредени групи на граѓани како жени, млади луѓе и ученици, пензионери и други возрасни лица, Роми, луѓе што живеат во населби пооддалечени од центарот на градот. Особено е

Прочитајте повеќе »
Новости

8  Регионална конференција на телата за еднаквост на Југоисточна Европа, Сараево

Во Сараево, на 26 и 27 ноември, се одржа 8-та Регионална конференција на телата за еднаквост на Југоисточна Европа, каде фокусот беше ставен на новите директиви на Европската комисија за статусот и стандардите на телата за еднаквост. Оваа конференција претставуваше важна платформа за размена на искуства и дискусија за предизвиците со кои се соочуваат институциите за промоција на еднаквоста и спречување на дискриминацијата. Игор Јадровски, член на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација (КСЗД), имаше свое излагање на панел посветен на предизвиците со транспонирање на европските директиви во националното законодавство. Тој истакна дека усогласувањето на законодавството со овие директиви

Прочитајте повеќе »
Skip to content