Последни новости

Презентиран извештајот од истражувањето: Искуства, знаења и потреби на сексуалните работници во РСМ при остварување на човековите права од социјалната и здравствената заштита
Драгана Дрндаревска, членка на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација, на презентацијата на извештајот „Искуства, знаења и потреби на сексуалните работници во РСМ при остварување на човековите права од социјалната и здравствената заштита“, ја дискутираше важноста од меѓуинституционална соработка за обезбедување на услуги без дискриминација. Настанот беше одржан во рамки на проектот „Национална имплементација на Глобалната рамка за социјална заштита и сексуално и репродуктивно здравје и права за 2024 година,“ поддржан од регионалната мрежа SWAN. Учесниците дискутираа за тоа како може да се унапреди пристапот до здравствените и социјалните услуги на оваа маргинализирана група луѓе, преку подобрување на институционалните

На секои 10 минути, една жена е убиена. „Без оправдување. ОБЕДИНЕТЕ се за да се стави крај на насилството врз жените“
25 ноември – Меѓународен ден за борба против насилство врз жените и девојчињата! 25 ноември е денот што го посветуваме на глобалната борба против насилството врз жените и девојчињата, потсетувајќи дека овој проблем е итен и бара акција од сите нас. Под мотото „Без оправдување. ОБЕДИНЕТЕ се за да се стави крај на насилството врз жените,“ светот го започнува 16-дневниот активизам против родово базираното насилство, завршувајќи на 10 декември, Денот на човековите права. Состојба во светот: Насилството е епидемија: Секоја трета жена доживува насилство во својот живот, а една од четири адолесцентни девојчиња е жртва на партнерско насилство. Фемицид: На

„75 години организирана едукација, рехабилитација и вработување на лицата со попреченост во РСМ“
На меѓународната научно-стручна конференцијата, со наслов „75 години организирана едукација, рехабилитација и вработување на лицата со попреченост во РСМ“, на членот на КСЗД, Душан Томшиќ, му беше доделена благодарница за посебен придонес во развојот на едукацијата и рехабилитацијата на лицата со попреченост во Република Северна Македонија. Во рамки на конференцијата, на теми поврзани со системскиот пристап кон лицата со попреченост, свое излагање имаа голем број членови на организациониот и научниот одбор од земјата и регионот. Се дискутираше за клучните реформи и пресвртници кои се случиле од почетоците на системската поддршка на децата и лицата со попреченост до денес, се појасни

Состанок со CINGO
Состанок на членовите на КСЗД со претставниците на Конференцијата на меѓународни невладини организации (CINGO) при Совет на Европа Денеска претставници на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација Лимко Бајзароски – претседател и Душан Томшиќ – член,остварија средба со претставниците на Конференцијата на меѓународни невладини организации (CINGO) при Совет на Европа. Делегацијата на CINGO ја сочинуваа претседателот на CINGO, два члена на НВО и/или Експертскиот совет за правото на НВО, придружуван од член на Секретаријатот. Целта на средбата со претставници на КСЗД беше да се разменат мислења и искуства за граѓанското општество и законодавството во ова поле, како и за

„ХИВ како основа за дискриминација во Северна Македонија – искуства и предизвици“
Комисијата за спречување и заштита од дискриминација и Здружението за поддршка на луѓето што живеат со ХИВ „Заедно посилни“ – Скопје организираа консултативен состанок со наслов „ХИВ како основа за дискриминација во Северна Македонија – искуства и предизвици“, на кој беше разгледуван институционалниот одговор кон пријавените повреди на човековите права и слободи на луѓето што живеат со ХИВ во Северна Македонија, во споредба со праксата на Европскиот суд за човекови права. На состанокот говореше претседателот на КСЗД Игор Јадровски кој се осврна токму на праксата на Европскиот суд за човекови права во однос на ХИВ, а присуствуваа и членовите Флора

Разоткривање на расизмот, нетолеранцијата и нееднаквостите
ЕКРИ 2024 Годишен семинар со тела за еднаквост Претседателот на КСЗД Игор Јадровски во Стразбур присуствува на годишниот семинар на Европската комисија против расизам и нетолеранција (ЕКРИ), организиран по повод 30 години од постоењето на ЕКРИ, во тесна консултација со Европската мрежа на телата за еднаквост (ЕКВИНЕТ) и Комитетот на Обединетите нации за елиминација на расната дискриминација (ЦЕРД). Овој семинар е прилика да се направи преглед на 30-годишната работа, со фокус на две специфични критични прашања: расизам и нетолеранција во здравствената заштита и структурна дискриминација и институционален расизам. Говорниците ќе ги споделат своите сознанија и искуства во воведот и трите