KSZD

Почетна

Последни новости

Новости

КСЗД со работните тела на Собранието на РС Македонија

По повод одбележувањето на 10 декември – Меѓународниот ден на човековите права, Комисијата за спречување и заштита од дискриминација, во соработка со Мисијата на ОБСЕ во Скопје, одржа работилница за унапредување на соработката помеѓу Комисијата за спречување и заштита од дискриминација и работните тела на Собранието на Република Северна Македонија. Настанот беше насочен кон зајакнување на институционалната координација и продлабочување на меѓусебната поддршка во креирањето и имплементацијата на политики кои обезбедуваат почитување, унапредување и заштита на човековите права. На работилницата се дискутираше за можностите за подобрување на комуникациските механизми, усогласување на стратешките приоритети и зајакнување на заедничките напори во превенција и справување со дискриминацијата

Прочитајте повеќе »
Новости

Одлука за објавување јавен оглас за избор на членови на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација

Собранието на Република Северна Македонија објавува јавен оглас за избор на  три члена на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација.

Прочитајте повеќе »
Новости

3 Декември – Меѓународен ден на лицата со попреченост

Меѓународниот ден на лицата со попреченост претставува потсетник за потребата од посветена, системска и одржлива поддршка за сите лица кои се соочуваат со бариери во своето секојдневие. Овој ден го нагласува значењето на еднаквиот пристап, почитувањето на различностите и создавањето опкружување во кое секоја личност може да го достигне својот целосен потенцијал. Оваа година, под глобалното мото „Градење инклузивни општества за унапредување на социјалниот напредок“, фокусот е ставен на заедничката одговорност – институции, организации, заедници и граѓани – да креираат услови што ќе обезбедат еднакво учество, достоинствен живот и остварување на човековите права за сите лица со попреченост. Во духот

Прочитајте повеќе »
Новости

Реакција на КСЗД за говор на омраза кон ромската заедница

Комисијата за спречување и заштита од дискриминација најостро го осудува говорот на омраза кој во последно време се повеќе се користи преку социјалните мрежи. Последниот настан од 25 ноември 2025 година, каде одредено лице ја навредува и дискриминира целата ромска заедница во Република Северна Македонија, предизвика вознемирување и лавина на реакции од голем број на граѓани кои беа засегнати од понижувачката објава што беше споделувана на социјалните мрежи. Комисијата препорачува да не се искривуваат информациите поврзани со спроведувањето на Стратегијата за инклузија на Ромите и да се воздржат од навреди и говор на омраза кон било која етничка заедница или поединец. Воедно

Прочитајте повеќе »
Новости

25 ноември – Меѓународен ден за елиминација на насилството врз жените

Денес започнуваат глобалните 16 дена активизам против родово базираното насилство, кои завршуваат на 10 декември – Меѓународниот ден на човековите права. Годинава, светската тема за одбележување на Меѓународниот ден за елиминација на насилството врз женитее гласи: „ОБЕДИНЕТЕ за да ставиме крај на дигиталното насилство врз сите жени и девојчиња“. Фокусот е насочен кон онлајн просторот – место каде што жените, особено активистките, новинарките, жените во политика и бранителките на човекови права, сè почесто се мета на сериозни и заканувачки форми на дигитално насилство. Кампањата повикува на заедничка акција: владите ширум светот да обезбедат строги закони и да ја прекинат неказнивоста,

Прочитајте повеќе »
Skip to content