Последни новости

КСЗД дел од завршниот настан „Род и корупција?!“ – фокус на родовите аспекти на корупцијата
Членката на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација г-ѓа Флора Кадриу, учествуваше како панелистка на завршниот настан „Род и корупција?!“, организиран од Националната мрежа „Жените за жените“ и Организацијата на жените на Општина Велес. На настанот беа презентирани клучните резултати, наоди и препораки од имплементацијата на проектот „Интегрирање на родовите аспекти во напорите за борба против корупцијата“. Проектот е насочен кон интегрирање на родовата перспектива во националните и локалните антикорупциски политики, како и кон зајакнување на институционалните механизми за препознавање и адресирање на корупцијата што несразмерно ги погодува жените, вклучително и родово-специфичните форми на корупција, како што е сексторцијата.

Иницијатива за изменување и дополнување на Законот за високо образование
Комисијата за спречување и заштита од дискриминација, до собраниската Комисија за образованите, наука и спорт и Комисијата за економски прашања, труд и енегретска политика, поднесе информација за потребата од измени и дополнувања на Законот за високо образование, со цел, отстранување на утврдена индиректна дискриминација кон вработените во приватните здравствени установи. Иницијативата се однесува за отстранување на нееднаквоста кон докторите по медицина кои се вработени во приватни здравствени установи, а кои се спречени да засноваат двоен работен однос, за разлика од докторите по медицина кои се вработени во јавните здравствени установи. Иницијативата е во продолжение.

Иницијатива за измени и дополнувања на Законот за култура
Комисијата за спречување и заштита од дискриминација до собраниската Комисија за култура и туризам поднесе информација за потребата од измени и дополнувања за Законот за култура, со цел, отстранување на утврдена индиректна и продолжена дискриминација кон носителите за државни награди од областа на културата и уметноста. Иницијативата се однесува на нееднаквата, односно различна методологија за пресметување на висината на надоместокот на корисниците на државните награди. Информацијата е во продолжение.

КСЗД – Обука за средношколци
Во рамки на воспоставената соработка меѓу Комисијата за спречување и заштита од дискриминација (КСЗД) и Средното економско и правно училиште на Град Скопје „Арсени Јовков“ – Скопје, беше реализирана обука наменета за учениците, посветена на препознавање, спречување и заштита од дискриминација. Обуката имаше за цел да ги зајакне знаењата и свеста кај учениците за принципот на еднаквост и недискриминација, да ги запознае со законската рамка и механизмите за заштита од дискриминација, како и да придонесе кон развивање на капацитетите за препознавање на различните форми на дискриминација во секојдневниот живот. Сесијата беше реализирана од Флора Кадриу, член на Комисијата за спречување

Одлука за избор на кандидати за унапредување по пат на интерен оглас во КСЗД
Комисијата за спречување и заштита од дискриминација донесе Одлука за пополнување на 2 работни места со унапредување.

Обуки од Програмата за парламентарна поддршка
Комисијата за спречување и заштита од дискриминација, во рамки на своите активности за унапредување на принципот на еднаквост, реализираше две обуки наменети за асистентите на пратениците во канцелариите за контакт со граѓаните. Овие обуки беа организирани во Западна и Источна Македонија, со цел да се продлабочи соработката меѓу Комисијата и асистентите, кои претставуваат клучна алка во непосредната комуникација со граѓаните ширум државата. Преку детални сесии, учесниците беа запознаени со законската рамка за спречување и заштита од дискриминација, основните поими и принципи на еднаквост, како и со надлежностите и постапките што ги спроведува Комисијата. Обуките беа фокусирани на препознавање на различните


