KSZD

Почетна

Последни новости

Новости

ДИСКРИМИНАЦИЈА НА РАБОТНИЧКА ПОРАДИ ИН ВИТРО ОПЛОДУВАЊЕ

Комисијата за спречување и заштита од дискриминација за првпат утврди родово заснована дискриминација врз работничка поради подложување на ин витро оплодување. Работничката, која две години работела кај правно лице од приватниот сектор, го информирала работодавачот дека планира да забремени со помош на ин витро процедура. По барање за боледување поради закажан ембриотрансфер, работодавачот, без почитување на законските процедури ѝ изрекол отказ без отказен рок, во време додека таа користела годишен одмор. Според работодавачот, причината за отказот била недоаѓање на работното место – три последователни денови (непочитување на работниот ред и дисциплина).  Во текот на постапката, Комисијата утврди дека, работодавачот не

Прочитајте повеќе »
Новости

Средба, Бејзароски (КСЗД)- Чевик (ТИКА)

Претседателот на КСЗД, Лимко Бејзароски, оствари средба со заменик претседателот на Турската агенција за соработка и координација ТИКА, Махмуд Чевик и со сопственикот на „Јени Балкан“, Муретза Сулооџа. Чевик му честиташе на Бејзароски за изборот на оваа многу важна функција и рече дека нивниот придонесот на КСЗД за мирот и соживотот во државата е многу важен. Чевик рече дека ТИКА е подготвена за поддршка на чекорите што Комисијата ги презема за заштита на правата на сите во земјава. „Република Северна Македонија е пример, како различни етнички заедници живеат заедно. ТИКА секако има интерес да даде свој допринос за продолжување на

Прочитајте повеќе »
Новости

“Насоки за поголемо вклучување на лицата со попреченост како потрошувачи во банкарскиот сектор“ и промоција на брошура „Правата на лицата со оштетен вид“ – Народна банка на РСМ

Претседателот на КСЗД Лимко Бејзароски, во Народната Банка на РС Македонија, се обрати на претставување на „Насоките за поголемо вклучување на лицата со попреченост како потрошувачи во банкарскиот сектор“ и промоција на брошура „Правата на лицата со оштетен вид“. Тој истакна дека овие насоки, кои ги дава Народната банка, ќе им помогнат на лицата со попреченост подеднакво вклучување во банкарскиот сектор и се конкретен чекор кон создавање на инклузивна економија, каде што сите ќе имаат еднакви можности да го унапредат својот финансиски капацитет и независност. Насоките предвидуваат регулаторна рамка што подразбира, воспоставување регулативи кои наложуваат стандарди за пристапност до банкарските

Прочитајте повеќе »
Новости

КСЗД апелира до Собранието да организира јавни расправи за законите во областа на образованието!

Во тек е законодавната постапка за донесување на повеќе закони во областа на образованието како Предлог закон за средно образование, Закон за измени и дополнување на Законот за основно образование, Предлог закон за учебници и други. Комисијата за спречување и заштита од дискриминација има голем интерес во изменувањето и дополнувањето на овие закони бидејќи областа на образование ја гледаме како клучна област во која треба да се промовира еднаквоста за учениците од најмала возраст, да бидат заштитени од дискриминација и пристрасно насилство и да ги присвојат овие демократски интереси согласно нашиот уставен поредок. Основната причина поради која се менува Законот

Прочитајте повеќе »
Новости

„Нашите права, нашата иднина, токму сега“ – 10 ти декември Меѓународен ден на човековите права

„Таму каде завршува асфалтот започнува ромското гето…“ По повод Меѓународниот ден на човековите права, Комисијата за спречување и заштита од дискриминација има за цел да го сврти вниманието на јавноста и одговорните институции кон состојбите во неформалните населби каде најчесто живеат Роми. Овој проблем претставува системска, расна и етничка дискриминација и е резултат на децениска негрижа за правата и потребите на најсиромашните граѓани кои живеат на маргините на нашето општество. Се почести се претставките до Комисијата од страна на ромската заедница и ромските граѓански организации за нееднаков пристап до добра и услуги по основ на етничка и расна припадност, кои

Прочитајте повеќе »
Новости

Реакција од Комисијата за спречување и заштита од дискриминација по измените и дополнувањата на Законот за основно образование

Комисијата за спречување и заштита од дискриминација го изразува своето незадоволство од Предлог-законот за измени и дополнување на Законот за основно образование. Првична цел за изменување на Законот беше, да се внесат одредби со кои ќе се оневозможи и превенира сегрегацијата на децата Роми во образованието, односно да се спроведе пресудата на Европскиот суд за човекови права „Елмазова и други против Република Северна Македонија“. Сегрегацијата на децата Роми во образованието е сериозен и комплексен проблем кој претставува форма на системска расна и етничка дискриминација и за негово решавање се потребни системски промени во законската рамка, политиките на национално и локално

Прочитајте повеќе »
Skip to content