Последни новости

Пресуда за системска дискриминација: индивидуалните земјоделки без еднаков пристап до здравствено осигурување, потребни се итни законски измени!
Комисијата за спречување и заштита од дискриминација ја поздравува пресудата на Основниот граѓански суд со која е утврдено постоење на индиректна, продолжена и интерсекциска дискриминација врз индивидуалните земјоделки во остварувањето на правата од здравственото осигурување, особено правото на надоместок за време на бременост, раѓање и мајчинство, како и правото на надоместок за привремена спреченост за работа поради болест или повреда. Со пресудата, Судот ги задолжи Владата на Република Северна Македонија и Министерството за здравство да иницираат измени и дополнувања на Законот за здравствено осигурување, со цел надминување на постојните законски нееднаквости и обезбедување еднаков пристап до правата за сите осигуреници.

Постапка по службена должност против Фондот за пензиско и инвалидско осигурување
Комисијата за спречување и заштита од дискриминација поведе постапка по службена должност, по допрен глас, против Фондот за пензиско и инвалидско осигурување, за утврдување директна дискриминација врз група станари во државниот пензионерски дом „Аеродром“, по основ на ментална и телесна попреченост и здравствена состојба. Имено, пензионерскиот дом нема обезбедено функционални влезови што овозможуваат пристап со инвалидска количка и ортопедски помагала. Дополнително, не постои соодветна рампа од лифтовите до надворешноста на објектот, со што се отежнува, па дури и оневозможува, интервенција на службите за итна медицинска помош. Согласно член 3 став 2 од Законот за спречување и заштита од дискриминација, Фондот

Постапка по службена должност против Министерството за спорт и Одбојкарската Федерација на Македонија
Комисијата за спречување и заштита од дискриминација поведе постапка по службена должност против Министерството за спорт и Одбојкарската федерација на Македонија, поради сомневање за директна дискриминација врз основа на пол, во областа на образованието, науката, спортот и пристапот до добра и услуги. Имено, на 33-тото издание на Купот на ОФМ во 2026 година, машкиот победнички тим бил награден со 1.000.000 денари, додека женскиот победнички тим добил 500.000 денари. Согласно Законот за спречување и заштита од дискриминација, ваквиот различен третман при определување на државните парични награди претставува поделба на корисниците врз основа на пол, при што женските тимови се ставени во

Одлука за објавување јавен оглас за избор на еден член на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација
Собранието на Република Северна Македонија објавува јавен оглас за избор на еден член на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација.

ОПШТА ПРЕПОРАКА за заштита од дискриминација на жените поради бременост, раѓање и мајчинство во работните односи
Комисијата за спречување и заштита од дискриминација донесе Општа препорака со која, на работодавачите од јавниот и од приватниот сектор им препорачува да обезбедат доследна примена на законската заштита на работничките за време на бременост, раѓање и мајчинство и да се воздржат од практики кои доведуваат до нивен нееднаков или понеповолен третман при бременост, раѓање и мајчинство во остварувањето на правата од работен однос. Оваа препорака произлезе од фактот што, КСЗД, во повеќе предмети утврди директна интерсекциска дискриминација врз основа на пол и род во врска со бременост, раѓање и мајчинство во областа на работата и работните односи. Согласно член 13 од Законот за спречување и заштита од дискриминација




