Последни новости

„Пет години превенција и заштита од дискриминација: постигнувања и идни насоки“
Комисијата за спречување и заштита од дискриминација (КСЗД), во соработка со проектот „Поддршка на ЕУ за владеење на правото“, на 20 ноември 2025 година, ја организираше конференцијата „Пет години превенција и заштита од дискриминација: постигнувања и идни насоки“. Конференцијата обедини домашни и меѓународни експерти, претставници на институциите, телата за еднаквост од регионот, академската заедница и граѓанскиот сектор. Целта беше да се направи пресек на постигнувањата во последните пет години и да се идентификуваат клучните предизвици и идните насоки за унапредување на системот за заштита од дискриминација. Дополнително, беа отворени и стратешки прашања поврзани со следните чекори, институционалните предизвици и усогласувањето

„1 од 5 – Стоп за сексуалното насилство врз деца“
Претседателот на КСЗД, Душан Томшиќ, се обрати на отворањето на националната кампања „1 од 5 – Стоп за сексуалното насилство врз децата“, организирана по повод Светскиот ден за превенција од сексуална експлоатација, злоупотреба и насилство врз деца. „Статистиката што стои зад овој наслов е болна и тешка. Но таа не смее да остане само бројка. Зад секое едно од пет стои дете — дете со име, семејство, надежи и доверба во возрасните. Нашата должност како институции и како општество е да направиме сѐ за таа доверба никогаш да не биде повредена,“ истакна Томшиќ. Тој додаде дека сексуалното насилство врз деца

Душан Томшиќ – нов претседател на КСЗД
Комисијата за спречување и заштита од дискриминација ја известува јавноста, дека согласно Законот за спречување и заштита од дискриминација (член 16, став 4), по принципот на ротирање на претседателското место, на 29-тата седница на Комисијата, одржана на 7.11.2025 година, за нов претседател на КСЗД, членовите го избраа Душан Томшиќ. Новиот претседател, функцијата ја презеде од досегашниот, Лимко Бејзароски, во колегијална и конструктивна атмосфера, во дух на заемна почит, соработка и континуитет во работата на Комисијата. За заменик претседател на Комисијата назначен е членот Зекир Абдулов. КСЗД му изразува благодарност на г. Бејзароски за неговата посветеност и професионален придонес во изминатиот период, како

Врсничкото насилство како пречка за инклузивност и доверба меѓу заедниците
Членката на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација, г-ѓа Флора Кадриу, се обрати на Партиципативниот форум „Врсничкото насилство како пречка за инклузивност и доверба меѓу заедниците“, што се одржа во Скопје. Целта на Форумот, како неформален и консултативен механизам, е зајакнување на соработката меѓу државните органи и заедниците, преку заедничко разгледување на прашања од нивен интерес, подготовка на препораки, законски предлози и мислења во врска со владини политики кои влијаат врз остварувањето на правата на заедниците. Форумот овозможува и директна комуникација, дијалог и соработка меѓу заедниците и надлежните институции. Учесниците, преку конкретни примери од праксата, дискутираа за причините кои

КСЗД учествуваше на вториот состанок на Управниот одбор на проектот VIOLET
Тирана, Албанија | 28–29 октомври 2025 година Комисијата за спречување и заштита од дискриминација, преку членот Душан Томшиќ, учествуваше на вториот состанок на Управниот одбор на проектот VIOLET – Кон работни места без сексуално вознемирување и насилство, кој се одржа во Тирана, Албанија. Домаќин на настанот беше Комесарот за заштита од дискриминација на Албанија. Во текот на двата дена, партнерите на проектот — претставници на националните тела за еднаквост (NEBs), EQUINET, граѓански организации и академски институции — го разгледаа досегашниот напредок и ги дефинираа следните активности во рамките на сите работни пакети. Состанокот беше посветен на: Проектот VIOLET е кофинансиран

Заменик-амбасадорот на Република Франција, Филип Маршето, во посета на КСЗД
Во просториите на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација (КСЗД) денес се одржа средба помеѓу претседателот на Комисијата, Лимко Бејзароски, и заменик-амбасадорот на Република Франција во Република Северна Македонија, господинот Филип Маршето. На средбата се разговараше за состојбите со дискриминацијата и говорот на омраза во земјата, како и за улогата и надлежностите на Комисијата во унапредувањето на принципот на еднаквост и почитувањето на човековите права. Претседателот Бејзароски го запозна заменик-амбасадорот Маршето со тековната работа на Комисијата, кадровската структура, како и со предизвиците со кои се соочува институцијата во спроведувањето на својата мисија. „Големо задоволство претставува покажаниот интерес за работата


