KSZD

Почетна

Последни новости

Новости

КСЗД поведе постапка по службена должност против психијатриските болници и Министерството за здравство

Комисијата за спречување и заштита од дискриминација поведе постапка по службена должност против ЈЗУ Психијатриска болница – Демир Хисар, ЈЗУ Психијатриска болница – Скопје и Министерството за здравство, за заштита од дискриминација на пациентите во здравствените установи, врз основа на здравствен статус, во областа пристап до здравствените услуги. Комисијата, по допрен глас доби информација дека ЈЗУ Психијатриска болница – Демир Хисар не располага со потребни капацитети, односно санитетско комбе, адекватен и доволен медицински кадар, лица задолжени за хигиена на пациентите,  што доведува до неадекватна нега на пациентите во болницата и ги става овие лица во понеповолна положба за разлика од

Прочитајте повеќе »
Новости

Заедно во спречување и заштита од дискриминација

На 21 март 2025 година, Претседателот на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација, Лимко Бејзароски и членот на Комисијата, Душан Томшиќ, одржаа работна средба со претставници на неколку граѓански здруженија: ЛАГ Агролидер – Прилеп, Центар за развој и едукација – Прилеп, Љубезност – Скопје, Црвен Крст на Град Скопје, новинари за човекови права – Скопје и Сизигија – Скопје. На средбата беа презентирани активностите на Комисијата во областа на спречување и заштита од дискриминација, а истовремено беа споделени искуствата на здруженијата од нивната теренска работа поврзана со дискриминација на различни категории граѓани. Во рамки на средбата беа договорени конкретни

Прочитајте повеќе »
Новости

Меѓународен ден за елиминација на расната дискриминација: „60-години од Меѓународната конвенција за елиминација на сите форми на расна дискриминација (ICERD)“

Комисијата за спречување и заштита од дискриминација го одбележува значајниот јубилеј – 60 години од усвојувањето на Конвенцијата на Обединетите нации за елиминација на сите форми на расна дискриминација. Овој меѓународен документ, усвоен во 1965 година, претставува темел на глобалните напори за искоренување на расизмот и промоција на еднаквоста меѓу сите луѓе, без оглед на нивната расна или етничка припадност. Изминатите шест децении сведочат за значителен напредок во борбата против расната дискриминација на глобално и на национално ниво. Државите потписнички на Конвенцијата, меѓу кои е и Република Северна Македонија, преземаат континуирани мерки за унапредување на законодавството, зајакнување на институционалните механизми

Прочитајте повеќе »
Новости

Претседателот на Собранието Африм Гаши во посета на КСЗД

Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, г. Африм Гаши, денеска оствари официјална посета на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација каде што се сретна со претседателот на Комисијата, г. Лимко Бејзароски и членовите на ова значајно тело. Средбата се одржа во духот на меѓуинституционалната соработка и поддршката што Собранието ја дава на КСЗД во нејзината мисија за унапредување на човековите права, заштитата од дискриминација и промовирање на еднаквоста во општеството. Претседателот на Комисијата Бејзароски, ја потенцираше важноста на заедничките напори на институциите во создавањето инклузивно и праведно општество, нагласувајќи дека ваквите посети испраќаат значајна порака до јавноста за

Прочитајте повеќе »
Новости

8-март Меѓународен ден на жената

Комисијата за спречување и заштита од дискриминација и оваа година се приклучува кон одбележување на 8-ми Март, Meѓународниот ден на жената, истакнувајќи ја потребата за активна борба против родовата дискриминација и нееднаквост. КСЗД потсетува дека родовата дискриминација, која продолжува да биде присутна во повеќе области на животот на жените во Република Северна Македонија не е само индивидуален проблем, туку системски предизвик кој бара институционален одговор. Во текот на 2024 година, Комисијата утврди 14 случаи на дискриминација врз жени, најмногу на работното место и во пристапот до вработување. Притоа, жените се дискриминирани и по основи на пол, род, етничка припадност, религија,

Прочитајте повеќе »
Новости

Посета на турскиот амбасадор на КСЗД: Презентација на достигнувањата со фокус на турската заедница

На 4 март 2025 година, турскиот амбасадор во Р. Северна Македонија ја посети Комисијата за спречување и заштита од дискриминација, каде што беше извршена презентација на активностите и резултатите постигнати од страна на оваа институција во текот на изминатата година. Презентацијата се фокусираше на работата на КСЗД во однос на турската заедница во државата, што беше област на посебен интерес за амбасадорот. Амбасадорот ја пофали работата на КСЗД и изрази задоволство од напорите вложени во заштитата на правата на малцинствата, но ја истакна и потребата за поголема соработка со останатите институции во земјата. Тој нагласи дека КСЗД игра улога на

Прочитајте повеќе »
Skip to content